• ВИЗИР
  • image

Витамин Д

 

 

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ВИТАМИНОТ  Д ?

 

  • Витамин Д е единствен витамин за кој многу не се зборува во светот на нутриционизмот.
  • Тоа е затоа што тој е целосно бесплатен, самото тело го создава кога сончевите зраци ќе ја допрат нашата кожа. Затоа се нарекува и сончев витамин.
  • Невозможно е да се добијат соодветни количества на витамин Д од исхраната. Изложеноста на сонце е единствениот сигурен начин да дојдете до доволно количество витамин Д.
  • Потребно е дневно да испиете 10 чаши млеко, збогатено со витамин Д, за да внесете минимално количество од овој витамин во организмот.
  • Колку што живеете подалеку  од екваторот, толку подолго треба да сте изложени на сонце за да добиете доволно количество витамин Д.
  • На луѓето со темна кожа им се потребни 20-30 пати повеќе изложеност на сонце  за да го добијат истото количество на витамин Д од луѓето со бела кожа. Токму затоа ракот на простата е многу раширен меѓу црнците - поради недостаток на витамин Д.
  • Доволното количество на витамин Д е пресудно за апсорбција на калциум во организмот. Без витаминот Д нашето тело не може да го апсобира калциумот, што значи дека додатоците на калциум во исхраната се бескорисни доколку во организмот нема доволно витамин Д.
  •  

Хроничниот недостаток на витамин Д не може да го решите преку ноќ!

 

  • Потребни се месеци и месеци изложување на сонце и земање на витамин Д во форма на додаток во исхраната за да го вратите овој витамин во коските и во нервниот систем.
  • Дури и  кремите за сончање  со низок фактор како (SPF 8), го блокираат создавањето на витаминот Д за 95%! Создавајќи недостаток на витамин Д во организмот, овие креми за сончање на таков начин предизвикуваат нашиот организам  лесно да биде изложен на болести.
  • При сончањето, невозможно е да се предозирате со витаминот Д. Телото само го регулира процесот на создавање на овој витамин од сончевите зраци, создавајќи онолку колку му е потребно.
  • Пред да може телото да го искористи витаминот Д, нашиот црн дроб и бубрезите мораат истиот да го активираат.
  • Кај луѓето кои имаат некое заболување на црниот дроб или на бубрезите, активирањето и искористливоста на витаминот Д може значително да се намалени.
  • На  кремите за сончање не пишува дека тие го стопираат производството на витаминот Д на кожата.
  • Антиоксидансите ја зголемуваат способноста на нашиот организам да апсорбира повеќе витамин Д. Тие ни овозможуваат подолго да останеме на сонце без да изгориме.

Останати текстови во Здравје и убавина:

Please publish modules in offcanvas position.