• image
  • MEGA RADIO 7
  • image
  • image
mksqbghrendeelsrsltr

UVO NOS I GRLO

UVO NOS I GRLO ISPITUVANJE
305

Д-р Мери - специјалист за уво, нос и грло

1.Тестирање на слух - При лесна или потешка наглувост, во специјална кабина се врши мерење на слухот со пуштање на одредени тонови со различна фреквенција.

Специјалниот апарат со кој се врши ова тестирање е аудиометар.

Ова испитување се врши кај деца над 4 годишна возраст кои можат да соработуваат и кај возрасни.

2. Тимпанометрија - Со специјален апарат тимпанометар, на дигитален начин се детектираат промените на средното уво.

Во практиката многу родители се преплашени поради недослушување на нивните деца и секогаш го поставуваат прашањето дали нивното дете е наглуво или не.

Со тимпанограмот се откриваат точните промени изразени во три типови на крива кои ги чита лекарот за уво, нос и грло.

Причините за наглувост може да бидат зголемен трет крајник што е најчест случај кај децата, намалена проодност на Евстахијевата туба или секрет во средното уво.

Овие промени ги открива тимпанометријата, а методата се применува и кај возрасни, кои се жалат на затнато уво.

3. Ласерски третман на зуење во уши - Се врши со специјален апарат, т.н. Тини-мед, кој има биостимулативен ефект.

4. Перење на уши - Се врши не со шприц, туку со апарат специјално направен за таа намена.

Тој е со регулирана температура и притисок, не причинува болки и е атрауматичен (нема опасност од опасност да се повреди усното тапанче).

5. Третман на акутни и хронични отити - Станува збор за успешно третирање на воспаление на надворешното и на средното уво.

<span style="font-family: ari

  • 1
  • p2
  • p6
  • image
  • image

Copyright Biznismap. All Rights Reserved.

Your cart is empty