За нас
BODY TO BALANCE
Масажата со топли вулкански камења е ефикасно средство за ослободување од секојдневната напнатост и стресот.Оваа масажа е идеална за детоксикација на организмот како и целосна релаксација и опуштање.
Топлината од вулканските камења продира длабоко во телото, при што се ослободуваат хемиски материи (ендорфини) кои позитивно влијаат на нашиот организам и на нашето расположение. Во комбинација со етеричните масла ја подобрува циркулацијата, ги размекнува тврдите ткива и ги опушта напнатите мускули со што се подобрува подвижноста во зглобовите
IASTM третмани
Третирање на болка во задната страна на надколеницата (или задна ложа) со помош на IASTM.
Кај спортистите и кај активните лица најчести се повредите на меките ткива (мускули, лигаменти, тетиви и фасцијата). Овие повреди се јавуваат при превиткување на лигаментите, меките ткива, крвните садови или нервите или како резултат на нагло, прејако движење на зглобот. Притоа се јавува остра болка проследена со оток на болното место.
Овие повреди успешно се третираат со помош на IASTM (кратенка од Instrument Assisted Soft Tissue Mobilization). IASTM претставува мануелен терапевтски третман за мускулно – скелетни повреди каде се користат специјално дизајнирани алатки.
Чести состојби кој се третираат со IASTМ се:
Третманите ги вршат професионални лица. Долгогодишното искуство и задоволните клиенти се гаранција за нашето квалитетно работење.
Информирајте се на тел: 075/349 - 961
Контакт